Информации за испорака

Минимална вредност на нарачка нема и испорачуваме во сите градови во Македонија.

Трошоци за испорака:

  • до 3.000 ден. вредност на нарачка, доставата изнесува 60 ден; и
  • од 3.001 ден. вредност на нарачка, доставата е бесплатна.

 

Процесирањето на нарачките и подготовката на доставата се врши во рамки на работното време на МЕРАКИ ДООЕЛ Скопје, односно во периодот понеделник-петок од 10:00-18:00. Доставата на производите во Скопје се врши во рок од 24 – 48 часа од нарачката, додека низ другите градови и населени места во Македонија во рок од 3 до 5 дена.

Доставата на нарачаните производи се врши на адресата која ќе ја наведете при самата порачка. Доколку дистрибутерите не успеат да Ве пронајдат на адресата која сте ја навеле, ќе бидете исконтактирани по телефон на бројот кој сте го оставиле при креирањето на нарачката и ќе можете да договорите нов термин и/или адреса на испорака.

При преземање на производите Ве молиме да ја проверите точната бројка на доставени производи како и проверка на евентуални оштетувања или други недостатоци. Доколку има отстапување на доставеното од нарачаното, Ве молиме да го пополните Вашето барање за рекламација веднаш, по што производите се заменуваат под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.

zimnica.mk © 2021. UKION SHOPS